Топлификација АД Скопје

Друштво за производство нa дистрибуција на топлинска енергија

Информација за акционерите

Во долгиот период кога Топлификација АД имаше голем број вработени акционери никогаш не се појавиле шпекулации дека некој врши притисок врз нив за отстапување на правото за гласање. Сега во текстот доставен до акционерите изработувачите потврдуваат дека има такви шпекулации. Акционерите знаат дека никој не смее да ги попречува во остварувањето на своите права. Доколку тоа се случува сами треба да се заштитат согласно позитивните законски прописи кои ја регулираат оваа проблематика. Притисоците врз акционерите можат да имаат сериозни последици и по акционерските друштва и по оние кои ги вршат притисоците. Повеќе »

Информација за акционерите

Топлификација АД има обврска да ги информира акционерите за сите неспорни факти поврзани со акционерското друштво и таа обврска, како и до сега, ќе ја исполнува и во иднина. Само целосно информиран акционер може правилно да решава за своите акции. Повеќе »

Информација за акционерите

Битно е акционерите на Топлификација АД да знаат дека и денеска единствено капитал во топлификациониот систем на град Скопје имаат само Топлификација АД и државата. Согласно податоците од РКЕ учеството на капитал на сегашните носители на лиценци во капиталот на топлификациониот систем на град Скопје е повеќе од маргинален. Повеќе »

Информација за акционерите

Информациите кои Топлификација АД ги доставува до акционерите во електронска форма се изработуваат и дистрибуираат по истите правила по кои се изработуваат и информациите за Македонската Берза за долгорочни хартии. Повеќе »

Информација за акционерите

Во врска со барањето за свикување на Собрание на група на акционери Ве информираме со следниот допис од Друштвото.

Почитувани акционери

Записникот од седницата на продолженото собрание на акционери на Топлификација АД Скопје одржана на ден 19.07.2016 година, го водеше нотар. По добивање на официјалниот записник ќе Ве информираме за текот и настаните на седницата на собранието. Согласно Законот за трговски друштва член 407 записникот се изготвува во рок од три дена од одржувањето на собранието.

Презакажано собрание на акционери 2016 год.

19.07.2016 17:00 хотел Александар Палас во Скопје, Конгресна сала 2

Одлуката на Апелација за враќање на предметот за ЗАЕМИ

За информирање на акционерите во врска со судскиот процес за наплата на заемите дадени на ТЕ ТО АД во периодот на градбата на објектот корисно е да се прочита делот од пресудата на апелација каде се образлага зошто предметот е вратен на повторно одлучување. Како што може да се види од маркираниот дел од документот, образложението за враќање на предметот на повторно одлучување во целост ја потврдува првостепената пресуда.

Важна информација за акционерите

Членот 28 од Законот за трговски друштва ги дефинира Посебните одговорности на содружниците, односно на акционерите и поради тоа за секој акционер е корисно да е информиран за одредбите во овој член.